ПРВ.мк
Република

МОРНИЧАВО ОТКРИТИЕ КАЈ МАГАРЕВО: Пронајдени артилериски гранати и рачна бомба - еве од пред колку години!

МОРНИЧАВО ОТКРИТИЕ КАЈ МАГАРЕВО: Пронајдени артилериски гранати и рачна бомба - еве од пред колку години!

Во селото Магарево, Битолско, пронајдени се две артилериски гранати и една рачна бомба кои потекнуваат од Првата светска војна.

Случајот бил пријавен во СВР Битола на 3 октомври околу 11:40 часот, откако во село Магарево биле откриени старите експлозивни средства.

На местото интервенирал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, кој безбедно ги подигнал пронајдените средства.

По извршената проверка било утврдено дека станува збор за две артилериски гранати и една рачна бомба од Првата светска војна.