ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО–ПЕХЧЕВО: 23-годишна девојка итно пренесена во болница - полицијата на терен!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО–ПЕХЧЕВО: 23-годишна девојка итно пренесена во болница - полицијата на терен!

Сообраќајна несреќа се случила рано утрово на патот Делчево–Пехчево, кај селото Тработивиште, при што е повредена 23-годишна жена од Делчево.

Несреќата била пријавена на 4 октомври во 05:10 часот во ОВР Делчево. Според информациите, патничко возило „Фиат“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната И.П., од засега непознати причини излетало од коловозот.

Во несреќата возачката се здобила со повреди, по што била пренесена во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од ОВР Делчево, а се преземаат мерки за утврдување на причините и околностите под кои дошло до излетувањето на возилото.