ПРВ.мк
Република

(ФОТО) АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ ВО КАВАДАРЦИ: Јанчев откри што подготвува општината!

(ФОТО) АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ ВО КАВАДАРЦИ: Јанчев откри што подготвува општината!

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оствари работна средба со вршителот на должност заменик-амбасадор Закари Харисон и офицерот за политички работи Кејли Мекејлеб.

На состанокот биле разгледани приоритетите на Општина Кавадарци, тековните предизвици со кои се соочува локалната самоуправа, како и можностите за натамошен развој на општината.

Посебно внимание било посветено на регионалниот развој и создавањето нови можности за граѓаните. Јанчев ги презентирал реализираните проекти, потенцијалите на Кавадарци и плановите за понатамошен економски и инфраструктурен напредок.

Средбата била искористена и за размена на искуства и идеи, како и за разгледување можности за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес.