ПРВ.мк
Скопје

АЛАРМ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“: Двајца странски државјани фатени при скицирање воени објекти - еве што се случувало!

АЛАРМ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“: Двајца странски државјани фатени при скицирање воени објекти - еве што се случувало!

Двајца државјани на Чешка, кои престојувале во Скопје, се лишени од слобода поради сомнение дека неовластено влегле во воен објект.

Од МВР соопштија дека на 4 септември, околу 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С. (26) и А.Х. (25) во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје.

Според полицијата, постојат основи на сомнение дека двајцата сториле кривично дело по член 350 од Кривичниот законик, кое се однесува на неовластено влегување во воени објекти, како и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства.

Од МВР информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот и негово документирање.