Од утре, патниците во градскиот и приградскиот превоз во Кавадарци ќе можат да ги плаќаат билетите исклучиво безготовински. ЈП „Градски превоз“ – Кавадарци информира дека готовинското плаќање повеќе нема да биде достапно во автобусите.
Билетите ќе може да се платат со КА-карта или со платежна картичка Visa или Mastercard, преку бесконтактно плаќање директно во автобусот.
Од претпријатието информираат дека КА-картите може да се купат и да се надополнат на неколку официјални продажни места: Инфо-центарот на Градскиот плоштад, „Браво нутс“ кај старата автобуска станица, „Мар – Пет Макарена – Ваташа“ и ДМД ОИЛ Глишиќ.
Како дополнителна поволност, до 31 декември 2026 година, при секое купување КА-карта со минимален кредит од 300 денари, првото возење ќе биде бесплатно.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо-центарот или на телефонскиот број 043 400 417.








