ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ ВО ГРЦИЈА: Воен авион се урна пред очите на публиката - еве колку пилоти биле во него!

(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНИ СЦЕНИ ВО ГРЦИЈА: Воен авион се урна пред очите на публиката - еве колку пилоти биле во него!

Воен авион F-4 Phantom се урна денеска за време на воздушниот спектакл „Athens Flying Week“ што се одржува во воздухопловната база Танагра, северно од Атина.

Според првичните информации, станува збор за двосед F-4 Phantom на грчките воздухопловни сили, кој се урнал кратко време по почетокот на својот настап. Несреќата се случила пред голем број посетители, по што над местото се издигнал густ црн чад.

Засега нема официјална потврда за состојбата на двајцата членови на екипажот. Не е потврдено ниту дали пилотите успеале да го активираат системот за катапултирање. Надлежните служби работат на утврдување на причините и околностите за несреќата.

По падот на авионот, воздушниот спектакл бил прекинат, а на местото биле упатени бројни спасувачки и противпожарни екипи. Во моментот нема информации за повредени меѓу посетителите.

F-4 Phantom II е легендарен борбен авион развиен во периодот на Студената војна. Грчките воздухопловни сили го вовеле во употреба во 1970-тите години, а дел од авионите подоцна биле модернизирани.

Грчките F-4E Phantom поминале низ програмата „Peace Icarus 2000“, која вклучувала надградба на радарот, мисионскиот компјутер, навигациските и комуникациските системи, како и можност за употреба на современо вооружување.

„Athens Flying Week 2026“ се одржува на 5 и 6 септември во воздухопловната база Танагра. На настанот учествуваат десетици воени, транспортни и акробатски авиони од Грција и други земји.

Организаторите претходно најавија дека настапот на F-4 Phantom ќе биде меѓу последните појавувања на легендарниот авион пред публика, пред неговото целосно повлекување од употреба.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА