ПРВ.мк
Балкан

ОГРОМЕН ХАКЕРСКИ УДАР! Речиси шест терабајти податоци од Берлин се најдоа во јавност - еве што се има во нив!

ОГРОМЕН ХАКЕРСКИ УДАР! Речиси шест терабајти податоци од Берлин се најдоа во јавност - еве што се има во нив!

Речиси шест терабајти податоци украдени од берлинската администрација завршиле на дарк веб, откако хакерската група Rhysida претходно побарала откуп од околу два милиони евра за да не ги објави украдените материјали.

Во објавениот пакет има речиси 1,44 милиони датотеки, а според информациите, меѓу нив се наоѓаат и документи со исклучително чувствителна содржина кои би можеле да претставуваат сериозен безбедносен ризик.

Особена загриженост предизвикуваат материјалите поврзани со плановите за справување со хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Меѓу објавените датотеки се наоѓа и папка со назив „AG CBRN-Rahmenplanung“, што укажува на документи поврзани со планирањето и постапувањето во случај на вакви опасности.

Истражувачкиот новинар Ларс Винкелсдорф тврди дека украдениот материјал содржи и документи од покраинската криминалистичка полиција, како и планови поврзани со националната одбрана.

Според него, меѓу датотеките се наоѓаат и информации за тајни комуникациски канали што ги користи германската сојузна влада во услови на големи катастрофи, податоци поврзани со компании од одбранбената индустрија, како и планови за постапување на владините институции во кризна состојба.

Винкелсдорф на платформата „Икс“ го опиша случајот како сајбер-напад од огромни размери, оценувајќи дека последиците може директно да ја засегнат безбедноста на германската држава.

Покрај документите на институциите, на интернет се појавиле и голем број лични податоци, главно на државни службеници. Наводно се објавени изводи од матични книги, евиденции за отсуства од работа, приватни телефонски броеви и домашни адреси.

Хакерската група Rhysida претходно се заканила дека ќе ги објави украдените податоци доколку не биде исплатен откуп од 30 биткоини. Во моментот кога било поставено барањето, тоа изнесувало околу два милиони евра.

Рокот за плаќање истекол во петокот околу 15:35 часот. Берлинскиот Сенат уште пред истекот на рокот соопштил дека начелно нема да попушти пред барањата на хакерите и дека нема да плаќа откуп.

Кратко по истекот на рокот, Rhysida го објавила целиот пакет украдени податоци на дарк веб, со што чувствителните информации станале достапни надвор од системите на берлинската администрација.

Берлинската администрација и политичкиот врв засега немаат излезено со позначајни јавни изјави во врска со објавувањето на украдените податоци, додека последиците од нападот и обемот на компромитираните информации допрва се проценуваат.