Две лица од Кавадарци биле лишени од слобода за време на одржувањето на културната манифестација „Тиквешки гроздобер“, откако полицијата при преглед кај нив пронашла бела прашкаста материја, а кај едниот биле пронајдени и пари и телефон.
Од МВР информираат дека на 4 септември, во 20:50 часот, полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 42-годишните Г.П. и В.Ќ., двајцата од Кавадарци.
При извршениот преглед кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Кај В.Ќ., покрај бела прашкаста материја, полицајците пронашле и одзеле пари и телефон.
При дополнителните проверки било утврдено дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Г.П. биле измерени 0,53 промили алкохол во крвта, додека кај В.Ќ. биле измерени 0,44 промили.
Двете лица биле приведени во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
Од МВР додаваат дека по целосното документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.









