Полицијата лишила од слобода 85-годишен жител на струшкото село Заграчани, кој според пријавеното, претходно предизвикал пожар на отворен простор.
Од МВР информираат дека на 4 септември, во 16:30 часот, на локалниот пат меѓу селата Заграчани и Долна Белица, полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (85) од Заграчани.
Според пријавеното, тој претходно во месноста „Лок“ подметнал и предизвикал пожар на отворен простор, при што била зафатена нискостеблеста вегетација.
Во пожарот нема повредени лица, а во неговото гаснење интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
85-годишникот бил лишен од слобода, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







