ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГАЛИЧНИК: Падна позната нарко група, уапсени пет лица - еве што се пронајде полицијата!

(ФОТО) ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГАЛИЧНИК: Падна позната нарко група, уапсени пет лица - еве што се пронајде полицијата!

Пет лица биле лишени од слобода во Галичник откако полицијата при претрес во шаторите каде што престојувале пронашла повеќе видови материјали за кои постои сомнение дека станува збор за наркотични и психоактивни супстанции.

Од МВР информираат дека на 4 септември 2026 година, во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во селото Галичник, на местото викано „Стопанче“, полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Маврово, во рамки на оперативна акција, лишиле од слобода пет лица.

Станува збор за А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44), сите од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.

При претресот во шаторите каде престојувале лицата биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки, како и таблети.

Петмината биле задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветен поднесок.