ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО АВТОКАМП НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Полицијата пронашла марихуана - еве колку лица се уапсени!

ДРАМА ВО АВТОКАМП НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО: Полицијата пронашла марихуана - еве колку лица се уапсени!

Скопјанец бил лишен од слобода по полициски претрес во автокамп на брегот на Охридското Езеро, откако во камп-приколката која ја користел била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека на 4 септември 2026 година, во 23:45 часот, во автокамп во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Д. (44) од Скопје.

Претресот бил извршен по судска наредба, а во камп-приколката која ја користел 44-годишниот скопјанец, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид пронашле и одзеле една најлонска кеса, пластична кутија со опојна дрога марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана.

Л.Д. бил приведен, а случајот продолжува да се документира.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.