Турски државјанин бил лишен од слобода во Охрид поради сомнение дека учествувал во дејствија поврзани со врбување и намамување лице со цел вршење проституција.
Од МВР информираат дека на 3 септември, во 11 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот Р.К. од Истанбул, Република Турција.
Според пријавеното, Р.К. се сомничи дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање лице на друго лице со цел вршење проституција.
Турскиот државјанин бил лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а случајот продолжува да се расветлува и документира.
Од МВР посочуваат дека по целосното расветлување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.







