ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Мотоциклист прегазен на булеварот „Александар Македонски“ - ова е неговата состојба!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Мотоциклист прегазен на булеварот „Александар Македонски“ - ова е неговата состојба!

43-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 3 септември во 12 часот. Во неа учествувале патничко возило „Опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот А.С. од Свети Николе, и мотоцикл со германски национални ознаки, кој го управувал 43-годишниот О.Б. од Скопје, со престој во Бугарија.

Во сообраќајката мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По пријавувањето на случајот, на местото на несреќата извршила увид увидна екипа од СВР Скопје.