Тешка сообраќајна несреќа се случи денес на патот кон Граничниот премин „Блаце“, при што, според првичните информации, има повредени лица.
Во несреќата учествувале повеќе возила – два автомобила „Голф“, возило „БЈД“ и товарно возило. Од фотографиите од местото на несреќата се забележуваат сериозно оштетени возила и делови расфрлани по коловозот.
Поради несреќата е отежнато одвивањето на сообраќајот кон македонско-косовската граница. Во моментов, сообраќајот кон Косово се одвива по една сообраќајна лента, додека возилата што пристигнуваат од Косово кон Скопје се пренасочуваат по селски пат.
Создадени се колони возила, па на возачите кои се упатуваат кон ГП „Блаце“ им се препорачува да возат внимателно и да очекуваат задржувања.
Засега нема официјални информации за точниот број и состојбата на повредените, ниту за причините за сообраќајната несреќа.






