ПРВ.мк
Република

(ФОТО) МИТКО ЈАНЧЕВ ОДАДЕ ПОЧИТ НА БОРЦИТЕ ЗА СЛОБОДА: Честитка за 11 Октомври и порака до идните генерации

(ФОТО) МИТКО ЈАНЧЕВ ОДАДЕ ПОЧИТ НА БОРЦИТЕ ЗА СЛОБОДА: Честитка за 11 Октомври и порака до идните генерации

Митко Јанчев упати порака по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на храброста на македонскиот народ во борбата за слобода, правда и достоинство.

Во својата честитка, Јанчев истакна дека овој историски датум претставува симбол на отпорот и решителноста на народот да се избори за своите права и слободна иднина.

Тој посочи дека со положување свежо цвеќе им се оддава почит на борците кои ги положиле своите животи за слободата на татковината, оставајќи им на идните генерации обврска да ги зачуваат вредностите на слободата, единството и патриотизмот.

Според Јанчев, храброста и пожртвуваноста на борците се трајно запишани во македонската историја и претставуваат потсетник дека слободата е драгоцено наследство што треба да се негува и да се пренесува на идните генерации.

„Нека е честит 11 Октомври! Вечна слава на борците за слобода!“, порача Јанчев.

Најнови вести