ПРВ.мк
Скопје

САШО КЛЕКОВСКИ СО ПОРАКА ЗА 11 ОКТОМВРИ: „Тие што тогаш тргнаа, не чекаа подобро време – го создадоа!“

САШО КЛЕКОВСКИ СО ПОРАКА ЗА 11 ОКТОМВРИ: „Тие што тогаш тргнаа, не чекаа подобро време – го создадоа!“

Сашо Клековски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на историското значење на овој датум и на одговорноста што ја имаат граѓаните кон иднината на државата.

Во својата порака, Клековски истакна дека на 11 октомври 1941 година, пред 85 години, во Прилеп и Куманово започнала борбата што го отворила патот кон АСНОМ и создавањето на македонската држава.

„Тие што тогаш тргнаа, не чекаа подобро време – го создадоа!“, порача Клековски.

Тој нагласи дека почитта кон луѓето кои се бореле за слободата не треба да остане само на зборови, туку да се покаже преку лична одговорност и чесна работа, секој на своето место.

Според неговата порака, потребно е сите да придонесуваат за изградба на држава во која граѓаните ќе сакаат да живеат и да ја градат својата иднина.

Клековски порача дека 11 Октомври треба да остане потсетник на храброста, пожртвуваноста и единството на македонскиот народ.

Најнови вести