ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ НА ТРЕСКА: Маж од Скопје и велешанец се пресметувале на кајакарската патека - полицијата веднаш реагирала!

ИНЦИДЕНТ НА ТРЕСКА: Маж од Скопје и велешанец се пресметувале на кајакарската патека - полицијата веднаш реагирала!

Физичка пресметка меѓу двајца мажи била пријавена на кајакарската патека на реката Треска, во близина на скопското село Долна Матка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 10 октомври, околу 11:50 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен инцидентот.

Во пресметката учествувале 46-годишниот А.Н. од Скопје и 27-годишниот В.Н. од Велес.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Најнови вести