ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО ТУРЦИЈА: Автобус се заби во камион, најмалку 11 загинати - ова е бројот на повредени!

(ВИДЕО) СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО ТУРЦИЈА: Автобус се заби во камион, најмалку 11 загинати - ова е бројот на повредени!

Најмалку 11 лица го загубиле животот, а 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во западниот дел на Турција. Туристички автобус се судрил со камион на автопат во провинцијата Маниса, по што на местото веднаш биле испратени бројни спасувачки екипи.

Несреќата се случила денеска околу 11 часот по локално време, во близина на наплатната рампа Акхисар, на автопатот Гебзе – Орхангази – Измир. Информацијата ја соопштиле локалните власти, а ја пренесува Танјуг.

Според првичните информации, автобусот со туристи се движел од Бурса кон Измир, кога во близина на Акхисар дошло до судир со камион. Последиците биле тешки, со најмалку 11 загинати и 27 повредени лица.

Спасувачките екипи веднаш интервенирале

По судирот, на местото пристигнале екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полициски службеници. Биле започнати спасувачки активности, а повредените биле згрижени и пренесени во околните болници.

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифчи, ја потврдил бројката на загинати и информирал дека надлежните служби се на терен и внимателно ја следат состојбата.

Засега нема официјални информации за причините што довеле до несреќата. Се очекува повеќе детали да бидат објавени по завршувањето на првичните проверки и утврдувањето на околностите под кои дошло до судирот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Најнови вести