ПРВ.мк
Република

„МОИТЕ ВЕЛЕШАНИ СРЕЌНИ И СПЛОТЕНИ!“ Марко Колев со емотивна порака: „Најголемата желба исполнета“

„МОИТЕ ВЕЛЕШАНИ СРЕЌНИ И СПЛОТЕНИ!“ Марко Колев со емотивна порака: „Најголемата желба исполнета“

„Најголемата желба исполнета – моите велешани среќни и сплотени! Велес“, напиша градоначалникот Марко Колев во објава на социјалните мрежи, посветена на градот и неговите жители.

Велес викендов живее во знакот на традиционалната „Питијада 2026“, која ги обединува велешката пита, виното и музиката. Синоќа, на втората фестивалска вечер, пред публиката настапи балканската музичка ѕвезда Наташа Беквалац, која ги забавуваше посетителите со своите познати хитови.

Покрај нејзиниот настап, вечерната програма ја збогатија и Марија Спасовска, Ана Петановска и Александар Тарабунов. На фестивалската локација се собраа љубители на музиката и традицијата од Велес и други места, а точниот број на посетители на концертот на Беквалац засега не е официјално објавен.

Овогодишната „Питијада“ започна со подготовката и сечењето на рекордната џиновска пита, долга 4,4 метри и тешка 90 килограми, а фестивалската програма продолжува и денеска со нови музички настапи и забавни содржини.

Најнови вести