ПРВ.мк
Македонија

ПОЧИТ ЗА ХЕРОИТЕ ОД 1941 ГОДИНА! Тошковски од партизанските гробишта испрати силна порака за слободна Македонија

ПОЧИТ ЗА ХЕРОИТЕ ОД 1941 ГОДИНА! Тошковски од партизанските гробишта испрати силна порака за слободна Македонија

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како дел од владината делегација, денеска положи почит на партизанските гробишта во Бутел, во чест на борците кои во 1941 година ја започнале борбата за слободна Македонија.

Тошковски истакна дека 11 Октомври претставува симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да се спротивстави на фашизмот и да застане на страната на слободата, правдата и човечкото достоинство.

Тој посочи дека слободата во која живеат денешните генерации е резултат на жртвата и борбата на оние што дошле пред нив, нагласувајќи дека денешна обврска е да се зачува таа слобода, да се зајакнува државата и да се гради Македонија во која секој граѓанин ќе се чувствува безбедно, слободно и достоинствено.

Од позиција на министер за внатрешни работи, Тошковски порача дека најголемата почит кон жртвата на борците се покажува преку секојдневна посветеност на безбедноста, владеењето на правото и заштитата на мирот што го оставиле како наследство.

Тој упати и порака дека празникот треба да биде потсетник оти љубовта кон татковината не се докажува само со зборови, туку пред сè преку дела, одговорност и грижа за идните генерации.

„Нека е вечна славата на борците за слободна Македонија!“, порача Тошковски по повод празникот.

Најнови вести