ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАДНА И ШЕФОТ НА ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ! Полицијата уапси четворица во голема акција во безбедносниот сектор

ПАДНА И ШЕФОТ НА ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ! Полицијата уапси четворица во голема акција во безбедносниот сектор

Претседателот на Синдикатот на Управата на полицијата во Црна Гора, Младен Шушкавчевиќ, бил уапсен синоќа во продолжение на акцијата насочена кон сузбивање на незаконитостите во работењето на синдикалните организации во безбедносниот сектор.

Неговото приведување следува по претходните апсења на уште тројца синдикални претставници, со што бројот на уапсените долгогодишни синдикални функционери се искачи на четири.

Претходно, со лисици на рацете биле приведени:

  • Драгољуб Миловиќ, претседател на Синдикатот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ);
  • Жарко Мрдовиќ, поранешен претседател на синдикалната организација на Полициската академија;
  • Данило Радуновиќ, поранешен претседател на синдикалната организација при Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според објавените информации, сите четворица и понатаму се членови на Синдикатот на безбедносните институции.

Црногорските медиуми, повикувајќи се на свои сознанија, наведуваат дека акцијата во која се уапсени четворицата синдикални функционери започнала пред две години.

Од Управата на полицијата засега нема официјално соопштение во врска со апсењата, ниту дополнителни детали за случајот.

Истрагата е насочена кон сомневања за незаконитости во работењето на синдикалните организации во безбедносниот сектор, а повеќе информации се очекуваат по официјалното огласување на надлежните институции.

Најнови вести