ПРВ.мк
Црна Хроника

12 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА 24 ЧАСА! Осум возеле без дозвола, а еве колку под дејство на алкохол!

12 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА 24 ЧАСА! Осум возеле без дозвола, а еве колку под дејство на алкохол!

Вкупно 12 возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на територијата на Македонија поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осум од возачите управувале возило без возачка дозвола, додека останатите четворица биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол.

Меѓу лицата кои возеле без дозвола се четворица скопјани: Р.Е. (23), К.Б. (27), С.М. (31) и Љ.Ш. (29). Во истата група се и Е.М. (19) од Дебар, Б.И. (53) од Гостивар, Д.А. (30) од селото Порој, како и 17-годишен малолетник од селото Здуње.

Особено загрижувачки се резултатите од алкотестирањето на четворицата возачи кај кои била утврдена висока концентрација на алкохол во крвта.

Кај А.Т. (46) од Струмица биле измерени 1,84 промили алкохол, кај М.Ј. (22) од Радовиш 1,52 промили, а кај Д.М. (36) од селото Амзабегово, во светиниколскиот регион, биле регистрирани 1,54 промили.

Највисока вредност била измерена кај П.Т. (36) од Битола, кај кого алкотестот покажал 1,93 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат моторно возило без положен возачки испит и да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Посебно се предупредуваат возачите да не возат доколку имаат активна забрана за управување со моторно возило.

Најнови вести