ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КАВАДАРЦИ: Полицијата пронајде голема количина наркотици - еве колку лица се приведени!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КАВАДАРЦИ: Полицијата пронајде голема количина наркотици - еве колку лица се приведени!

Полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 29-годишен жител на селото Корешница, демиркаписко, откако кај него биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја.

Според информациите од полицијата, случајот се случил на 11 октомври 2026 година, во 01:00 часот, во Кавадарци. При извршениот преглед кај С.Р. (29), полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и бела прашкаста материја.

Мажот бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.