ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ МАЛОЛЕТНИЦИ: Марихуана пронајдена при полициски прегледи во два града- еве колку тинејџери се приведени!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ МАЛОЛЕТНИЦИ: Марихуана пронајдена при полициски прегледи во два града- еве колку тинејџери се приведени!

Полициските службеници во Делчево и Прилеп лишиле од слобода четири малолетни лица на возраст од 16 и 17 години, откако при полициски прегледи кај нив била пронајдена марихуана.

Првиот случај бил регистриран на 11 октомври 2026 година, во 02:30 часот, во Делчево. Полициски службеници од ОВР Делчево ги привеле двајцата малолетници, на возраст од 16 и 17 години, кај кои при преглед била пронајдена и одземена марихуана.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе следува соодветна пријава.

Вториот настан се случил ден претходно, на 10 октомври 2026 година, во 19:10 часот, на патот Прилеп–село Селце, во прилепскиот регион. Полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода уште двајца малолетници, исто така на возраст од 16 и 17 години.

И кај нив при извршениот преглед била пронајдена марихуана. По документирањето на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.