ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Пронајдена марихуана кај 25 годишно момче - еве како ја прикривал!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Пронајдена марихуана кај 25 годишно момче - еве како ја прикривал!

Полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 25-годишен жител на Струмица, откако кај него била пронајдена марихуана во кутија од цигари.

Според информациите од полицијата, случајот се случил на 9 октомври 2026 година во селото Куклиш, струмичко. При извршен преглед, О.Р. (25) извадил и доброволно им предал на полициските службеници кутија од цигари во која имало марихуана.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот против 25-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.