ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕС ВО ПРИЛЕП: Пронајдено нелегално оружје и откриено фалсификување огнено оружје - МВР со детали!

ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕС ВО ПРИЛЕП: Пронајдено нелегално оружје и откриено фалсификување огнено оружје - МВР со детали!

ОВР Прилеп поднело кривична пријава против 59-годишен жител на Прилеп, Т.С., поради сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување на огнено оружје“.

Според информациите од полицијата, на 26 јануари 2026 година, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории што ги користел пријавениот.

При претресот биле пронајдени и одземени две пневматски пушки за кои немал дозвола, како и една цевка со затворач, дел од пушка.

Полицијата одзела и ловен карабин „Застава М-98“ со калибар од 7,9 милиметри, како и уште еден ловен карабин, за кои пријавениот поседувал дозвола.

Против 59-годишниот прилепчанец е поднесена кривична пријава, а случајот се однесува на сомневањата за незаконско поседување и тргување со оружје, како и фалсификување огнено оружје.

Најнови вести