ПРВ.мк
Балкан

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БУДВА! Пламените голтнаа чамци и глисери во хангар на една од најпознатите плажи!

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БУДВА! Пламените голтнаа чамци и глисери во хангар на една од најпознатите плажи!

Голем хангар во кој биле складирани чамци и глисери се запалил на плажата Јаз, во близина на Будва, Црна Гора. Пожарникарските екипи успеале да го стават пожарот под контрола, но останале на терен за да го изгаснат огнот во целост.

Командирот на Службата за заштита и спасување во Будва, Илија Богетиќ, за „Вијести“ потврдил дека пожарот е локализиран и дека интервенцијата сè уште трае.

„Пријавата за пожарот ја добивме во шест часот. Сите расположливи екипи веднаш беа испратени на интервенција“, изјавил Богетиќ.

Според сведочењата на очевидците, постои сомневање дека пожарот бил предизвикан од удар на гром. Сепак, точната причина за избувнувањето на огнот треба дополнително да биде утврдена.

Пожарот предизвикал значителна материјална штета, како на самиот хангар, така и на пловилата што биле сместени во него.

Полицијата извршува увид на местото на настанот и ги испитува околностите под кои избувнал пожарот.

Најнови вести