Шеесет и тригодишна жена од селото Горна Бањица се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од патничко возило „мерцедес“ на влезот во Ургентниот центар во Гостивар.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 10 октомври 2026 година, во 09:45 часот, во ОВР Гостивар.
Во сообраќајната незгода учествувале возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Општата болница во Гостивар, управувано од Ф.А. (52) од селото Чегране, и пешакот З.В. (63) од Горна Бањица.
По ударот, повредената жена била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар, каде што лекарите ѝ констатирале тешки телесни повреди. Потоа била упатена на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар, а околностите под кои се случил настанот се предмет на понатамошно утврдување.







