ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ БОГДАНЦИ–ДОЈРАН: „Киа“ излетала од патот - возачот итно пренесен во болница!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ БОГДАНЦИ–ДОЈРАН: „Киа“ излетала од патот - возачот итно пренесен во болница!

Четириесетгодишен маж од селото Фурка, гевгелиско, се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил „киа“ излетал надвор од патот на регионалниот пат Богданци–Дојран.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 11 октомври 2026 година, во 07:30 часот, во Полициската станица Гевгелија.

Во сообраќајната незгода учествувало патничко возило „киа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.Н. (40) од селото Фурка. Возачот, од засега неутврдени причини, изгубил контрола над автомобилот, по што возилото излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а околностите под кои се случила сообраќајната незгода ќе бидат предмет на утврдување.