Meta наскоро ќе почне да прикажува реклами во WhatsApp, но корисниците во Европската Унија засега нема да се соочат со нив, барем до 2026 година.
Рекламите ќе бидат поставени во табот „Updates“ (Надградби), каде се следат јавни канали и статуси, додека личните пораки ќе останат без реклами и целосно заштитени со end-to-end енкрипција.
Meta најавува дека рекламите ќе се темелат само на ограничени податоци, како јазик, локација и интеракција со реклами, а податоците од Facebook и Instagram ќе се користат само ако корисниците доброволно ги поврзат профилите.
Ирската агенција за заштита на податоци потврди дека реклами во WhatsApp за корисниците во ЕУ нема да има најмалку до 2026 година, што ќе им даде време на регулаторите да го проверат усогласувањето со GDPR и Законот за дигитални услуги.
Meta тврди дека ќе го почитува правото на приватност и дека личните разговори ќе останат целосно безбедни и недостапни за рекламирање.
Оваа одлука ја покажува стратегијата на Meta да ги зголеми приходите, но и да ги почитува строгиот европски правен рамки за заштита на податоците.