ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ВЕЛЕС – Два „ер трактори“ се борат со огнената стихија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ВЕЛЕС – Два „ер трактори“ се борат со огнената стихија

Попладнево избувна пожар во велешката месност „Дорутовец“, која се наоѓа по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот во насока кон градот.

Поради силниот ветер и ризикот огнот да се прошири на пошироко подрачје, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, донел одлука да бидат активирани два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, кои се вклучија во гаснењето на пожарот од воздух.

Во исто време, на терен интервенираат и екипи на Територијалната противпожарна единица – Велес, кои со две противпожарни возила и шестмина пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење.

Надлежните институции засега не соопштуваат информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали има загрозени објекти или повредени лица.

Акцијата за гаснење е во тек, а службите внимателно ја следат состојбата на терен.