Истражување објавено во списанието Nature Communications откри дека специфична варијанта на генот CHRNB3, кој кодира β3 потединица на никотинските ацетилхолински рецептори (nAChR), е поврзана со значително помала желба за пушење.
Овој ген игра важна улога во наградниот ефект на никотинот, кој го прави пушењето зависност за многу луѓе. Според студијата, луѓето со една копија од оваа генска варијанта пушат околу 21% помалку цигари, додека оние со две копии пушат дури 78% помалку во споредба со оние што ја немаат варијантата.
Истражувањето анализирало геноми на 37.897 активни пушачи од Мексико, а резултатите беа потврдени и кај околу 130.000 лица со европско и 180.000 со источназијско потекло, што укажува дека влијанието на генската варијанта се забележува кај различни популации.
Научниците истакнуваат дека инхибицијата на β3 потединицата може да претставува нова терапевтска стратегија за намалување или откажување од пушењето, но сепак се потребни понатамошни истражувања за да се утврди целосната улога на генетските варијанти во зависноста од никотинот.


















