ПРВ.мк
Македонија

ОПАСНА ИЗМАМА: Дал 10.000 евра за итна операција на внуката - полицијата со детали!

ОПАСНА ИЗМАМА: Дал 10.000 евра за итна операција на внуката - полицијата со детали!
Kristal

Во СВР Битола вчера околу 13:30 часот, 83-годишен битолчанец пријавил дека бил измамен за сума од 10.000 евра.

Според пријавата, лице му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди, поради што била потребна итна операција. Битолчанецот му ги дал парите на лице кое дошло пред неговата врата.

Подоцна, кога се слушнал со својот син, сфатил дека бил измамен. Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo