Вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница избувнал пожар во куќата на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.
Екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгаснала пожарот, а на местото била пронајдена почината сопственичката.
Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта, а по насоки на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.


















