ПРВ.мк
Македонија

ПАДНА ИНСПЕКТОР: Му помогнал на осомничен да сокрие докази!

ПАДНА ИНСПЕКТОР: Му помогнал на осомничен да сокрие докази!
Kristal

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.Б., помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Кочани, поради сомнение за кривично дело „попречување на правдата“.

Според пријавата, инспекторот намерно не ја извршил наредбата на јавен обвинител за прибирање предмети кои можат да послужат како доказ во постапка против осомничено лице. На тој начин, тој го спречил и отежнал докажувањето на продолжено кривично дело „измама“.

При лишувањето од слобода на осомничениот, инспекторот не му го одзел мобилниот телефон, со што осомничениот успеал да го изнесе од полициската станица и да го направи неприфатлив како доказ.

Одделот за внатрешна контрола најави дека ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност поради кршење на работниот ред и професионалните стандарди.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo