ПРВ.мк
Балкан

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Мајка подметнала урина од 3-годишната ќерка за да сокрие дрога – детето било позитивно!

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Мајка подметнала урина од 3-годишната ќерка за да сокрие дрога – детето било позитивно!
Kristal

Општинското државно обвинителство во Велика Горица покрена обвинение против 25-годишна мајка од областа на Загреб за кривично дело повреда на правата на детето.

Случајот излегол на виделина откако жената добила позитивен тест за дрога при рутинска контрола на работното место. Подоцна било утврдено дека примерокот од урина што го доставила не бил нејзин, туку од нејзината тригодишна ќерка, објави „Јутарњи лист“.

Во текот на постапката било утврдено дека девојчето дошло во контакт со дрога што мајката ја чувала во станот и ја консумирала на засега неутврден начин. Мајката го пријавила случајот во полиција.

При испрашувањето, 25-годишната жена изјавила дека ѝ е жал и дека не знае како детето дошло во контакт со дрога. Таа тврдела дека не консумира дрога во присуство на децата и дека кокаин набавила поради стрес поврзан со насилното однесување на сопругот.

Обвинителството предлага казна затвор од една година и два месеци, со делумна условна осуда. Според предлогот, шест месеци би ги отслужила ефективно, додека преостанатите осум месеци нема да се извршат доколку во рок од четири години не стори ново кривично дело.

Доколку судот го прифати предлогот, обвинетата ќе треба да плати и 550 евра судски трошоци.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo