ПРВ.мк
Балкан

ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БАКА ПРАСЕ!

ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БАКА ПРАСЕ!
Kristal

Управата за игри на среќа поднесе кривична пријава против познатиот јутјубер Богдан Илиќ, во јавноста познат како Бака Прасе, поради сомнение дека неовластено организирал наградни игри и доделувал парични и стокови награди без законско одобрение и без платени надоместоци.

Според пишувањата на медиумите, Бака Прасе, чии содржини ги следи голем број млади луѓе, ја промовирал и онлајн платформата за обложување „Vavada“, против која, како што се наведува, исто така е поднесена кривична пријава до Одделот за високотехнолошки криминал поради сомнение за неовластено приредување игри на среќа преку електронски комуникациски средства.

„Не се плашам, имам обезбедување“

Да потсетиме, на Бака Прасе неодамна му беше запален автомобил вреден околу 500.000 евра.

– Го фатија момчето што ми го запали автомобилот, но кој стои зад тоа сè уште не се знае. Свесен сум дека постои можност нешто да ми се случи, но не се плашам бидејќи сум сигурен во моето обезбедување. Ако некој е подготвен да ми запали автомобил, кој знае на што уште е подготвен. Размислувам што би можело да им се случи на луѓето блиски до мене и тоа е единствениот стрес што го имам – изјавил тој.

Инаку, Бака Прасе неодамна повторно се најде во фокусот на јавноста кога на својот татко, кој е свештеник, му кажал дека сака да го крсти своето куче.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo