ПРВ.мк
Наука/Технологија

РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ИЗУМ: Одобрен нов уред за третман на рак на панкреас – го спречува растот на туморот!

РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ИЗУМ: Одобрен нов уред за третман на рак на панкреас – го спречува растот на туморот!
Kristal

Американска агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри новиот уред наречен Optune PAX, кој користи електрични полиња за лекување на рак на панкреас. Уредот делува така што го попречува растот на туморските клетки, а пациентот може да го носи со себе, овозможувајќи му да продолжи со секојдневните активности.

Неинвазивна терапија со нов пристап

„Optune PAX“ е развиен од компанијата Novocure и претставува неинвазивна терапија што применува наизменични електрични полиња, познати како „полиња за третман на тумор“ (TTFields), на абдоминалната регија. Овие полиња го нарушуваат делењето и растот на клетките на туморот, а во исто време го поштедуваат здравото ткиво.

Неодамнешните клинички испитувања покажале охрабрувачки резултати во третманот на овој агресивен тип карцином.

„Со оглед на тоа што лекував многу пациенти со рак на панкреас, знам колку може да биде тешка дијагнозата. Заедницата на заболени заслужува подобри терапевтски опции“, изјавил портпаролот на ФДА, Marty Makary.

Зошто ракот на панкреас е толку тежок за лекување?

Панкреасот, орган сместен зад желудникот, има клучна улога во варењето и регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Кога неговите клетки стануваат канцерогени, прогнозата често е сериозна.

Според National Cancer Institute, ракот на панкреас сочинува релативно мал процент од сите нови дијагнози на рак, но има непропорционално висока стапка на смртност.

City of Hope објаснува дека поради централната позиција на панкреасот во абдоменот, болеста често се развива без рани симптоми. Кога ќе се појават знаци како болка или жолтица, ракот најчесто веќе се проширил, што го прави хируршкото лекување исклучително тешко.

Дополнително, туморите на панкреасот често создаваат густа фиброзна обвивка што ги штити од имунолошкиот систем и од хемотерапија.

„Ракот на панкреас е еден од најтешките за лекување, а пациентите долго време имаат потреба од нови терапевтски опции“, изјавила Michelle Tarver, директорка на Центарот за уреди и радиолошко здравје.

Како функционира технологијата?

TTFields применуваат електрични полиња со фреквенција од 100 до 300 килохерци и низок интензитет (1–3 волти на сантиметар). Полињата се доставуваат преку лепенки поставени на кожата, поврзани со пренослив генератор.

Овие слаби електрични полиња селективно го нарушуваат процесот на брзо делење на клетките на ракот, без значително оштетување на здравите клетки.

Технологијата првпат била идентификувана уште во почетокот на 21 век, кога истражувачите утврдиле дека одредена конфигурација на електрично поле може да го инхибира растот на туморските клетки во лабораториски услови.

Одобрувањето на овој уред претставува нов чекор во развојот на неинвазивни терапии за една од најагресивните форми на рак.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo