ПРВ.мк
Наука/Технологија

БЕЗ ЗДИВ, НО ЖИВ: Лекарите направија невозможно – човек преживеа 48 часа без бели дробови!

БЕЗ ЗДИВ, НО ЖИВ: Лекарите направија невозможно – човек преживеа 48 часа без бели дробови!
Kristal

Во еден од најрадикалните и најхрабрите медицински зафати досега, тим хирурзи успеал да одржи пациент во живот цели 48 часа без ниту едно белодробно крило, додека чекал трансплантација. Овој преседан, опишан од „Сајенс алерт“, отвора нови можности за спасување животи кај пациенти кај кои класичната медицина досега немала решение.

Клучна улога во спасувањето имал целосно вештачки систем на бели дробови, развиен од тим од Универзитетот Нортвестерн во САД. Овој систем, познат како ТАЛ, ја збогатувал крвта со кислород на начин сличен на природните бели дробови, притоа внимателно управувајќи со протокот на крв и заштитувајќи го срцето од колапс.

Благодарение на овој уред, пациентот бил стабилизиран и подготвен за трансплантација. Денес, повеќе од две години подоцна, тој има целосно функционални бели дробови и се опоравил успешно.

Сè започнало во пролетта 2023 година, кога 33-годишен маж се заразил со грип. Состојбата брзо ескалирала во тешка пневмонија, сепса и акутен респираторен дистрес синдром – една од најсмртоносните состојби во интензивната нега.

Како што објаснува торакалниот хирург Анкит Барат, инфекцијата била отпорна на сите достапни антибиотици и довела до буквално распаѓање на белите дробови, а потоа и ширење на инфекцијата низ целото тело. Во такви случаи, стандардниот пристап е механичка поддршка и чекање на опоравување, но овде белите дробови биле главниот извор на инфекцијата.

Отстранувањето на двете белодробни крила – билатерална пневмонектомија – речиси секогаш завршува со срцева слабост поради сериозни нарушувања во циркулацијата. За да го избегнат тоа, лекарите го унапредиле вештачкиот систем со двојни канали за проток на крв и прилагодлив шант, што овозможило рамнотежа во циркулацијата и спречување на фатални компликации.

Откако белите дробови биле отстранети, лекарите забележале дека инфекцијата конечно почнува да се повлекува. Подоцнежната молекуларна анализа потврдила дека оштетувањето било неповратно и дека трансплантацијата била единствената шанса за преживување.

Барат истакнува дека трансплантациите на бели дробови традиционално се резервирани за хронични болести, додека кај акутни состојби се верува дека органите ќе се опорават со време. Овој случај, сепак, го менува тоа гледиште.

Иако ваков сложен пристап моментално е можен само во високо специјализирани центри, лекарите се надеваат дека технологијата ќе стане подостапна и ќе се интегрира во стандардната медицинска опрема.

Она што некогаш се сметаше за невозможно – преживување без бели дробови и успешна двојна трансплантација – сега е реалност. Иако сè уште зависи од навремен пристап до донорски органи, овој случај покажува дека границите на медицината можат да се поместат, а животи кои порано биле изгубени – денес можат да бидат спасени.

Како што вели самиот Барат: во неговата пракса, млади пациенти умираат речиси секоја недела затоа што никој навреме не ја препознал трансплантацијата како опција. Оваа приказна може да го смени токму тоа.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo