ПРВ.мк
Македонија

Тешка кражба на струја во Maкедонија, штетата е околу 260.000 евра!

Тешка кражба на струја во Maкедонија, штетата е околу 260.000 евра!
Kristal

ЕВН информира дека е откриен случај на неовластено користење електрична енергија од трафостаница, при што сторителот направил штета од околу 260.000 евра.

Случајот е откриен во деловен објект на улицата „Бутелска“ во Скопје, по сомневања за нелегално користење струја. Тимот за откривање неовластена потрошувачка побарал асистенција од МВР и вклучување на судски вештак.

При проверката било утврдено дека електричната енергија била користена преку нелегално приклучување на три нисконапонски кабли директно во трафостаница, сопственост на ЕВН.

Дополнително, поранешен млин бил пренаменет за напојување опрема за копање криптовалути (биткоини).

За случајот е составен записник, изготвено е стручно мислење од овластен вештак, а до МВР е поднесена кривична пријава за неовластено преземање електрична енергија, согласно член 235-а од Кривичниот законик.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo