ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Маж почина среде улица во Велес!

ТРАГЕДИЈА: Маж почина среде улица во Велес!
Kristal

Шеесетгодишен маж од Велес, кој живеел во САД, починал додека се шетал со сопругата кај кружниот тек „Авона“.

Според д-р Елена Коцевска од Итна помош на Здравствен дом Велес, медицинскиот тим на местото на настанот го затекнал мажот веќе починат. Биле извршени реанимациски мерки, но без успех. Мажот имал повеќе хронични болести, меѓу кои и срцеви проблеми, а смртта настапила без траги на насилство.

Секторот за внатрешни работи Велес извршил увид, а на местото на настанот излегол и јавен обвинител. Не е издадена наредба за обдукција, а телото е предадено на семејството.

Мажот со сопругата бил во посета на родното место во Велес.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo