Во раните утрински часови на 3 февруари 2026 година, велешката полиција го привела 35-годишниот Д.Т. од Велес, поради физички напад врз 45-годишниот А.А., исто така од Велес.
При проверката, кај Д.Т. било утврдено 1,83 промили алкохол во крвта.
Приведениот е задржан во полициската станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















