Управа за Јавни Приходи (УЈП) информира дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година.
За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари на 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес се реализирани 184,5 милиони денари кон 104.000 корисници.
Исплатата продолжува и средствата се префрлаат на сметките на корисниците како што се обработуваат налозите.
Напомена: 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не може да ја изврши исплатата.
Апел: Доколку немате добиено средства, проверете и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ, за УЈП да може да ја реализира исплатата.

















