ПРВ.мк
Наука/Технологија

Голем чекор во медицината: Инјекција што ги регенерира оштетените зглобови

Голем чекор во медицината: Инјекција што ги регенерира оштетените зглобови

Научници развиле експериментална инјекција која во раните истражувања покажала потенцијал да ги обнови оштетените зглобови кај лица со артритис, отворајќи можност за нов пристап во лекувањето на оваа хронична болест.

Според истражувачите, терапијата не е насочена само кон намалување на болката и воспалението, туку и кон поттикнување на регенерацијата на оштетената 'рскавица. Доколку резултатите се потврдат во понатамошните клинички испитувања, ова би можело значително да го подобри квалитетот на животот на пациентите со артритис.

Научниот тим наведува дека досегашните резултати се охрабрувачки, но нагласува дека станува збор за терапија која сè уште е во фаза на истражување и потребни се дополнителни испитувања за да се потврдат нејзината ефикасност и безбедност пред да стане широко достапна за пациентите.

Артритисот е една од најчестите заболувања на зглобовите и предизвикува болка, воспаление и ограничена подвижност кај милиони луѓе ширум светот. Затоа секое ново научно откритие кое би можело да придонесе за обновување на оштетените зглобови се смета за значаен чекор напред во медицината.