ПРВ.мк
Наука/Технологија

После 10 години – електричните возила стануваат товар, а не вредност

После 10 години – електричните возила стануваат товар, а не вредност
Escape

Електричните автомобили можат да ја изгубат целата своја вредност за само една деценија, предупредуваат автоексперти. Данскиот специјалист Хенрик Бернел од компанијата Fragus вели дека високите трошоци за поправки и недостапноста на резервни делови, особено електричните компоненти, ги прават овие возила речиси непродајни по 10 години.

„Во многу случаи, поправката чини повеќе од самиот автомобил“, вели Бернел за списанието Motor. Тој истакнува дека скапите батерии и преголемите цени на оригиналните делови ја уништуваат исплатливоста, особено кога гаранцијата ќе истече.

Пример за тоа е екран на допир што чини над 4.500 евра без вградување – дел што се користи и во други модели, но кај електричните често е недостапен или прескап.

Mia Home Mavrovo