Блискиот Исток тоне во хаос: Израел под постојани ракетни напади од Иран, а сирените не престануваат да завиваат. Иранската револуционерна гарда го прогласи крајот на израелската воздушна одбрана, додека израелските тенкови отворија оган врз цивили во Кан Јунис – десетици мртви и над 200 ранети.
Портпаролот на израелската армија, генерал Ефи Дефрин, предупредува: „Нема веќе безбедни засолништа на Блискиот Исток. Целите се јасни – од Газа до Бејрут и Техеран.“
Иран возвраќа со жестока реторика. Полковникот Иман Таџик вели: „Окупаторите се беспомошни – небото е наше!“ Воената операција „Вистинско ветување 3“ е најсилниот ирански напад досега.
Сојузниците се мобилизираат: американскиот носач „Нимиц“ веќе е на пат, Британија праќа борбени авиони, а Стејт департментот издаде безбедносни предупредувања за целиот регион.
Светот го чека следниот потег – ќе удри ли Америка врз иранските нуклеарки? Или ќе се бара дипломатско решение? Францускиот претседател Макрон предупредува: „Воена промена на режимот во Иран ќе донесе уште поголем хаос – запаметете Ирак и Либија!“
Ситуацијата е алармантна – и секој следен час може да ја промени историјата.