Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „најголема закана за регионот“, за време на телефонски разговор со емирот на Катар, соопшти неговиот кабинет.
Ердоган истакнал дека ќе продолжи со дипломатските напори за ставање крај на насилството во регионот и додал дека актуелната израелска политика сериозно ја загрозува безбедноста на целиот Блиски Исток.