ПРВ.мк
Свет

САД испраќаат уште еден носач на авиони во Средоземно Море – расте тензијата на Блискиот Исток

САД испраќаат уште еден носач на авиони во Средоземно Море – расте тензијата на Блискиот Исток

Уште еден американски носач на авиони, „УСС Џералд Р. Форд“, следната недела ќе биде распореден во источниот дел на Средоземно Море, објавија американските медиуми повикувајќи се на неименуван извор.

Овој потег доаѓа само два дена откако „УСС Нимиц“, еден од најголемите нуклеарни носачи на авиони, се упати кон Блискиот Исток. Засега не е јасно дали ќе го замени „УСС Карл Винсон“ или ќе му се приклучи.

Истовремено, над Европа и Медитеранот се регистрирани прелети на повеќе од 30 американски воени авиони, вклучувајќи и 12 Ф-35 борбени ловци.

Овие движења го подгреваат сомнежот дека САД се подготвуваат за можен напад врз ирански нуклеарни постројки. Претседателот Доналд Трамп одби да даде директен одговор:

„Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема. Никој не знае што ќе правам“, изјави тој, додавајќи дека Иран требало да прифати договор пред истекот на 60-дневниот рок.

Министерот за одбрана Пит Хегсет нагласи дека американската армија е подготвена за секоја одлука: „Ако и кога ќе се донесе одлука – ние сме подготвени да ја извршиме.“

Сподели го овој напис