ПРВ.мк
Свет

Кошмар во Киев: Русија изврши масовен напад со дронови, загинаа најмалку 14 цивили!

Кошмар во Киев: Русија изврши масовен напад со дронови, загинаа најмалку 14 цивили!

Во најсилниот напад врз украинската престолнина од почетокот на руската инвазија, Киев утринава беше погоден од бранови дронови и балистички ракети. Според Министерството за внатрешни работи на Украина, најмалку 14 лица загинаа, а 44 се повредени.

Во нападите беа погодени 27 локации низ градот, вклучувајќи станбени згради, училишта и клучна инфраструктура. Во Соломијанскиот дел од градот, балистичка ракета урна дел од деветкатница, додека спасувачките екипи продолжуваат со пребарување по преживеани.

Министерот Игор Клименко истакна дека руските сили користеле дронови и проектили без никакви ограничувања. Воздушната тревога траеше повеќе од седум часа, предизвикувајќи паника меѓу граѓаните.

Меѓу загинатите е и 62-годишен американски државјанин, кој бил погоден во својот дом. Во Одеска област се ранети 13 лица, а во околината на Киев е еден повреден.

Од Москва тврдат дека нивната противвоздушна одбрана соборила 147 украински дронови, вклучувајќи и над Киев.

И покрај преговорите меѓу Киев и Москва, конфликтот продолжува без значаен напредок, а нападите врз цивили се оценуваат како варварски акт на агресија.

Сподели го овој напис