ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка несреќа: Македонец повреден од градежна машина тешка над 15 тони

Тешка несреќа: Македонец повреден од градежна машина тешка над 15 тони

Во индустриско претпријатие во Германија, 31-годишен Македонец се здобил со тешки повреди откако бил приклештен меѓу бетонски ѕид и градежна машина тежка над 15 тони.

Несреќата се случила околу 19 часот, кога возачот на машината, 26-годишен Македонец, управувал со радладер и случајно го згазнал својот сограѓанин. Повредениот бил пренесен со хеликоптер во Ургентната болница во Линц, каде што му е укажана итна помош.

Полицијата и надлежните органи ја истражуваат причината за несреќата.

Сподели го овој напис